Дома Фон
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Вести > А1 на денешен ден

 

А1 на денешен ден - 9 Март

2002: Нападнат пунктот Жичарница во Тетово

Изутрината околу пет часот со неколку поединечни истрели било пукано во правец на пунктот Жичарница, во тетовскиот кризен регион, соопшти денеска центарот за медиумска активност, додавајќи дека нема последици во редовите на безбедносните сили, кои на овие провокации не возвратиле.

2003: Американскиот нон-пејпр пред Трајковски и Црвенковски

Американскиот нон-пејпр, кој внесе вознемиреност во македонскиот државен врв, е тема на вечерашнава средба на претседателот Трајковски и премиерот Црвенковски, дознава А1.

2003: Фрапантен пораст на ракот во Македонија

Фрапантни податоци за удвојување на бројот на заболени од рак на белите дробови во последните три години.

2002: Буџетарите најавија поддршка за загубарите

Вработените во јавниот сектор најавуваат дека ќе се приклучат на протестите што ги организираат работниците од фирмите загубари за во вторник, бидејќи се уште не почнале разговорите со Владата за утврдување на минималната плата во нестопанството.

 

Други настани на денешен ден

1454 - Во Фиренца е роден италијанскиот морепловец Америго Веспучи, кој пловејќи под шпанско знаме стигна до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој беше уверен дека открил „нов свет“, што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го доби името Америка. Умре во Севилја, на 22.02.1512 година.

1661 - Умре Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло, кој по смртта на кардинал Ришелје стана министер за време на регентството на кралицата Ана. Како еден од највештите дипломати на своето време, тој ги постави темелите врз кои Луј Четиринаесетти ја градеше хегемонистичката политика на Франција кон Европа. Роден е во 1602 година.

1851 - Умре Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар, пронаоѓач на магнетниот ефект на електричната енергија и основач на науката и електромагнетизмот. Роден е во 1777 година.

1916 - Германија во Првата светска војна и објави војна на Португалија.

1934 - Роден е Јуриј Гагарин, советски космонаут. Тој е првиот човек кој изврши космички лет во вселената (12.04.1961 година), по што, по 108 минути престој, успешно се спушти на Земјата по поминати 41.000 км. Загина во авионска несреќа, на 27.03.1968 година.

1956 - Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.

1966 - Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.

1987 - Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во иранско - ирачката војна.

1995 - Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.

1999 - Претседателот на Иран Мохамед Катами допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.


< Претходен Следен >
 

 A1 mail листа

 A1 на SMS

 A1 на PDA

 A1 на WAP

 A1 RSS канали

 A1 на сателит

Позадини од вашите омилени серии

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk