Дома Фон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 

 Дома > Ваш став

 

Како помина 2007-ма?

[26.12.2007] 2007 година заминува, но како и секоја друга, ќе остане запаметена и по добро и по лошо. Сите сакаме да ги заборавиме лошите, а да останат добрите случувања.
 
На Македонија и се случија работи за кои се радуваше, за кои беше горда, за кои беше гневна, но и работи за кои беше скршена од тага.

Што ја одбележа 2007 година? По што најмногу ќе се памети оваа година? Дали 2007-ма ќе има големо влијание во иднина? Дали сакаме да ја заборавиме или паметиме? Кои беа личностите кои ја одбележаа годинава?


Темата е затворена и повеќе не се примаат коментари.

Ставовите изнесени тука претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на А1 Телевизија.

Забрането е копирање или повикување на ставовите изнесени тука без писмено одобрение од А1 Телевизија.

Го изгубивме нејголемото богатство кое некогас сме го имале...Го загубивме насиот амбасадор, насиот ангел, насиот ТОСЕ.....По само некое време од смрта на Тосе изгубивме и 12 цивили кој храбро и слузеле на Македонија. Година одбелезана со смрт, тага, солзи....Бог ни го зеде најголемото богатство сто Македонија некогас го имала, а тоа прави оваа година да биде црна... Според мене оваа е една од најлосите години со историјата на Македонија


Тосе стом останавме без тебе оваа никако неможе да биде добра година, бидејки ти бесе доброто на Македонија. Имавме ангел....ВЕЦНА ТИ СЛАВА МАЕСТРО.........
Manuela Manevska, Strumica, Makedonija

Конечно имаме нормална влада, која знае да ги цени националните интереси однодно знае да ги цени граѓаните. Изненаден сум ставовите на некои политички партии како СДСМ, кои што работат спротивно од Македонските интереси. Чувствувам декам имаме внатрешен непријател.
Марјан Трајкоски, Охрид, Македонија

20о7год ке ја запамтам по лосата работа стоја сработил владата на груевски под команда на војводата таци а истото владеенје продолзува и во 2008 година по тактицко планирана оператива мегу груевски и таци цас напустанје на владата цас враканје во владината коалиција аза тоа верувам дека се свесни граѓаните на р. македонија и македонскијот и албанскијот народ дека со ова политика на ова влада се оди со само унастуванје на дрзавните интереси на р.македонија сега нени треба многу јакипатријотизми сега е времето за договори на самитот на нато.и европската унија ане за внатресен политицки маркетинк на политицките лидери на власта на р. македонија
ismail qaili , skopje, r.makedonija

Го изгубивме Тоше, ја изгубивме предноста што ја имавме за прием во НАТО и ЕУ благодарејќи на нашите неспособни политичари, народот се уште е невработен и искористен. Можеше ли да биде полошо?
Златко Каров, Шведска

Единствена година за која јас паметам, а која донесе толку долга тага. И не оти ќе заврши.

Годината да, не можеме да го запреме времето, уште потажно нема ни да го вратиме.

Но, тагата ќе постои и во оваа што доаѓа и многу после неа. Пеј им на ангелите.

Зошто ли им беше толку неопходен, наспроти вистината колку ни беше потребен нас и на оваа земја?
Ана Михајлова, Велес, Македониja

Успесите на сите нас и сета среќа ѓто ја носевме во нас во оваа 2007 година ни ја засени трагичната смрт на нашето најмило и најдобро од Македонија, на кое ние Македонците од дијаспората толку многу се гордеевме и уште повеќе ќе се гордееме слушајќи ги сите негови прекрасни песни.

Горда сум што на сите емисии што ги имаат иселениците од Словенија и Хрватска се зборува само за Тоше и Тоше, но тажна сум што тоа не е наша емисија и наша програма. Тоа сме ние Македонците.

Тоше, ти си сонцето што ќе свети незапирливо над сите нас, и покрај се. Те сакаме, ѕвездо небесна. Почивај во мир.
Рената Петреска, Торонто, Канада

2007 година ќе се памети само по едно, годината кога најголемиот, најдобриот и најхуманиот Македонец стана ангел.

Без разлика дали за некој оваа година била убава, среќна и здрава, за сите нас 2007-ма ќе ни претставува спомен на болка, кога цела Македонија едногласно плачеше.

И јас ја имам истата желба, да се вратиме назад на 15 октомври и тука да застане времето.

Отсега па натаму времето ќе го гледаме на години пред Тоше и години после Тоше. Да се надеваме дека неговата смрт ќе не научи на нешто.

Среќна Нова 2008-ма!
Билјана, Скопје, Македониja

Дефинитивно една од најтажните години за мене. 2007-ма сакам да ја заборавам заедно со 16 октомври.

Најтажната работа што можеше да и се случи на Македонија, го изгуби својот еден и единствен Тоше!
Мирјана Спасова, Кавадарци, Македониja

Да се надеваме дека во оваа нова 2008-ма ќе има многу среќа, мир и љубов помеѓу сите луѓе низ Македонија.
Игор Ставров, Чикаго, САД

Оваа година ќе биде запаметена по убави настани, но и по еден трагичен настан, тоа што загина нашата најголема ѕвезда Тоше Проески.
Ивана Величковска, Скопје, Македониja

Го изгубивме највредното што го имаше Македонија, а тоа е Тоше. Тоше, почивај во мир, ти ја одбележа оваа 2007-ма.
Дарко Стојановски, Битола, Македонија

Нормално и моето мислење е како на другите - Тоше е печатот на оваа веќе измината година, но ќе биде и на следните што доаѓаат.

Тој беше наш обединител на земјата, но ќе не обединува уште многу години, ама сега од небото.

Друго што ја обележа оваа година е прашањето за името, за кое ќе ги замолам нашите политичари да се обединат и да не даваат и тоа да ни го сменат, како што ни прават и за многу други работи.

Сепак, да се надеваме дека следната година ќе биде многу подобра од оваа, во што јас верувам.
Симона Јованоска, Прилеп, Македонија

Оваа година ќе остане запаметена по не многу убави настани, но сепак да се надеваме дека годината што ни доаѓа ќе биде многу посреќна, порадосна.

2007-ма ја одбележаа и убави настани. Најголем успех, според мене, постигнаа Димитар и Росица.

Со тоа докажаа дека и после смртта на Тоше, Македонија може да успева и понатаму. Да се надеваме дека и понатаму ќе имаме ѕвезди како Тоше.

Среќни празници на сите и убави моменти преполни со радост и среќа.
Маја и Димитар Крстески, Кичево, Македониja

Лоша година, дефинитивно доста несреќи. Се надевам, новава година ќе биде повесела, со убави нешта.

Поздрав до сите и нека им е поубава Новата година!
Неда Рајцина, Скопје, Македониja

2007-ма, тажно, болно. Уште не можам да го преболам Тоше. Тоа беше настан за 2007-ма и тој беше личност за 2007-ма. Никогаш нема да ја заборавиме.

Единствен убав настан е „Сенки“ на Милчо, кој ќе не претставува достоинствено на Оскарите. Да се надеваме за подобра 2008-ма.
Душица Панеска, Гостивар, Македониja

Помина 2007 година! Вообичаено, со многу лични среќи и несреќи, во исчекување на подобро утре, но крајот делото го краси, имаме конвергенција на политичарите кон заеднички цели, секако дека сме поблизу до НАТО и ЕУ.

Се надевам дека последните помирувачки изјави на државниците не се само со цел на задржување на нивните позиции, туку и за доброто на сите граѓани на Македонија, со желба малку да ги посветат своите интелектуални способности и за подобрување на животот на народот, а не само зголемување на нивните банковни и други сметки.

Убеден сум дека народот ќе знае да го цени тоа, а во спротивно жестоко ќе реагира со несогледиви последици по политичарите.

Со среќа нека ни е следната година, достоинствено да ја поминеме!
Колев Стојко, Скопје, Македонија

Веста која најмногу не растажи сите е смртта на најдобриот. Со ова ни покажа и ни остави задача да го продолжиме неговиот пат.

Тој е единствената личност која е заслужна годинава да биде во негова чест.
Нина Милановиќ, Скопје, Македониja

Згаснувањето на премногу млади животи, постарите луѓе кажуваат дека ова не било никогаш порано.

Заминувањето на Тоше, кога да го слушнам или видам на телевизија, срцево ме боли, друго полошо не можеше да се случи.

Нема дилема, осудени сме на патење, бол и несреќа.
Дијана, Охрид, Македониja

2007-ма ќе ја паметам по тоа што Господ ни даде здравје и многу пари, ни даде убав живот, да шетаме, да видиме се низ светот. Ќе ја паметиме по тоа.
Весна Митева, Торонто, Канада

Не знам, мене лично оваа година ми се имаа случено убави работи, но сите тие избледеа по веста за трагичната смрт на нашата икона Тоше Проески.

Навистина жално и мислам дека најмногу по тоа ќе ја паметам оваа година и 16 октомври.

Тоше, чувај не кога ние не успеавме да те сочуваме. Слава ти.
Станислава Ангеловска, Куманово, Македониja

Најпозитивно секако дека годината ја одбележа најхуманитарниот концерт на Тоше што се одржа во Скопје.

Пример што треба и другите пејачи да го научат и применат.

Најнегативно секако дека годината ја одбележа смртта на истиот тој најхуманитарен човек Тоше Проески, што секогаш ќе биде сакан од сите и многу повеќе ќе влезе во историјата на Македонија и пошироко со своите дела што ги остави трајно зацртани било на Це-Де, касета или во нашите срца, тие се голем хит.
Марика Ѓорѓиевска, Канада

Изгубена година, во која го изгубивме ангелот кој не научи постојано да го изговараме она неговото „Сите ве сакам“.
Славјанка, Скопје, Македонија

Лично 2007-ма ми беше лоша година и не можам да издвојам нешто убаво по кое ќе ја паметам. А најлошото и најжалното беше што го изгубивме нашиот ангел, нашиот најсакан Тоше.

Посакувам и верувам, дека 2008-,а ќе донесе многу убави настани за сите нас, мир, благосостојба и конечно работите ќе тргнат во вистинска насока.
Ана, Скопје, Македонија

За мене лично 2007-ма не ми беше лоша година, имав здравје и љубов. Но, во државава не се случија баш воодушевувачки работи со кои може да се пофалиме.

Нема многу работи што луѓето би ги направило среќни. Нема демократија, правда, пари, владее само завист и љубомора.

Затоа ќе ни се случуваат лоши работи, зашто еден со друг не се сакаме. Не сме единствени, не сме сплотени.

Оваа год ја обележа и загинувањето на нашиот ангел, нашиот прекрасен Тоше.
Катерина Тодоровска, Велес, Македониja

Дефинитивно, оваа година ќе се памти по смртта на Тоше Проески, со губењето на Тоше, сите ние изгубивме дел од себе. Слава му.
Билјана Крстевска, Скопје, Македониja

Лично за мене 2007-ма беше лоша година, а на сето тоа се придодаде смртта на Тоше и друго немам што да кажам.

Да се надеваме само дека 2008-ма ќе биде не само за мене добра, тука и за целиот македонски народ и дека ќе носи само убави работи.
Илија Дамбов, Радовиш, Македониja

Јас мислам дека оваа година се случи најтрагичното нешто, го изгубивме Тоше. Цела Македонија е тажна, ни го зема најмилото.
Мицевска Христина, Скопје, Македониja

Оваа година ќе ја паметам по тоа што повторно се потврди мојот страв, дека Македонија се уште не е демократска држава.

Оваа година едно Косово ни покажа како се организираат мирни и фер избори.

Во оваа 2007-ма не видов доволно љубов за правда, за вистина, за демократиија.

Со голем завист можевме да гледаме, како соседните демократии во Грција, Албанија и Бугарија се развиваа, додека нашата само стагнираше.
Жарко Стојановски, Гевгелија, Македонија

Секое добро што се случило во 2007-ма се уништи после смртта на Тоше.

Една цела нација изгуби надеж, изгуби верба во сето тоа што ни го даваше Тоше.

Сите европејци беа надарени и наградени во 2007-ма, само ние македонците не.

Баксуз народ сме, проклет. Несреќата само по нас иде и не прати секаде, каде и да сме.

Единствено позитивно за 2008-ма е што не може полошо да биде од сега и што не можеме да изгубиме уште еден ангел, како што ни беше Тоше.
Ило Савевски, Охрид, Македониja

Оваа 2007 година ми го зема најмилото и повеќе ништо не е важно.

За 2008-ма имам една желба, а тоа е да можам да го вратам времето и од календар да ја избришам датата 16 октомври.
Вики, Скопје, Македониja

Една и единствена личност за 2007 и со сета среќа и несреќа што се случи е Тоше Проески луѓе.
Натали Калевска, Битола, Македонија

Оваа година ми донесе многу радост во семејството, но донесе и голема болка, тага, со еден збор трагедија за мене, а и за целиот свет.

Ни го зема нај доброто! Еден и единствен ТОШЕ!!!
Јасмина Михајловска, Скопје, Македонија

Тоше и никој друг. Кога само би можел да се врати!
Златко Симоновски, Скопје, Македонија

Грда година! Минимален прогрес и трагедија.

Седумката обично е среќна, но за нас не. Можеби баксузниот број за Македонија. Наопаку како и се друго. По смртта на Тоше Проески работите ја изгубија смислата.

Моралот и самодовербата кај целата нација драстично опадна, а вербата во Бога се разниша.

Лоша година.
Катерина Јакимовска, Скопје, Македонија

Дефинитивно личност, не само на 2007-ма, туку и за идните векови е Тоше Проески. Не просветли, освести и вдахна нов македонски ген. Нему слава му!

Но, идолот ни замина тивко, без збор, со многу песни и рефрени. Единствено зошто треба да се памети 2007-ма е новото време за Македонија - по Тоше.

Не идеализирам, но нема по што друго да ја паметиме оваа за нас транзициска црна година.

Нема по што и за што друго да ја помниме, ништо не донесе за прогрес, за осветлување на темницата на граѓаните, проверете и забележете колку хуманитарни иницијативи се организираат за да се спасат животи и семејства!

Оваа година ќе ја помнам по личните суети на сите политичари, по арогантниот однос на двете „големи“ партии, по безобразниот однос на повеќето пратеници.

По празните лаги и ветувања. По обидот да се спречи криминалот = да се наместат партиските кадри.

По лажењето на бизнисмените дека еве сега само што не летна балонот.

По тоа дека нашата држава не плаќа на наставниците, не плаќа за превозот на децата, дека се фали дека има пари, а администрацијата, и тоа основната - просветната, одбраната и полицијата, живеат со по 9.000 денари и со тоа се задоволни.

Ќе запомнам дека имавме вицепремиер што не сака датум за преговори и се направи за да не го добиеме.

Лошо е што опозицијата е во кома, а власта наместо да негува демократија, ја убива.

По концептот на деконцентрација, а не децентралзиација, па министрите си правеа што сакаат, по тоа дека граѓанскиот сектор заспа, по тоа дека транспарентноста ни ја покри дебела завеса.

Искрено, немам по што добро да ја помнам! Факт на сето ова се двете лидерски средби, не во Собранието, туку на друго место.

Ве молам, дајте да го укинеме Собранието на РМ. Дајте да воведеме лидерска координиација, на која ќе учествува секој лидер кој ќе основа партија со најмалку 100.000 гласачи (ова не важи за партиите од етникумите) и кој за 2009-та ќе има најмногу членство, ќе си формира Влада.

Премногу иронија, сарказам, трагедија, жал... Трите сектори во оваа држава не функционираат! Една (локалната) од трите власти само се обидува да функционира.

Не ширам дефетизам или песимизам туку реално пишувам, зошто нема да имаме членство во НАТО и преговори со ЕУ, нема да има вина ни Грција, ни Косово, исклучиво ние самите - Македонија.

За жал, не ја сфативме пораката од Господа (Алах) кога ни го зема Тоше!
Диме Велев, Велев, Македонија

Годинава несомнено ќе биде одбележана по заминувањето на еден од најхуманите луѓе на планетава, Тоше Проески.

Имавме среќа да биде „наш“, Македонец. Иако, никој од нас не може да разбере зошто се уште не е со нас, повеќе од сигурно е дека сите сме свесни колку таа личност беше добра во срцето и душата.

Песните кои тој ги остави, делата со кој тој не задолжи се богатство и гордост за секој Македонец, каде и да е. Тоше не правеше горди додека беше со нас, го сакавме и почитувавме и верувам дека таа љубов никогаш нема да престане.

Тој беше пример за тоа како треба да се сакаме и да веруваме во Бог, затоа што само тоа е вредно во животот.

Луѓето кои ќе ги примат тие пораки од него, ќе бидат побогати и посреќни, зошто само љубовта, вербата, напорната работа и добрината кои тој ги имаше оставаат длабоки траги, кои ни времето не може да ги избрише.
Љупка, Темпе, СА

Колку и да имало добри настани, она што се случи во Нова Градишка на 16.10.2007 година, замати се.

Тоше Проески замина и замина најдоброто. Немам зборови со кои можам да опишам каков човек отиде. Нема еуфорија, нема значење Нова година. Не може да се опише оваа трагедија. Полошо не можеше да се случи. Немам зборови.
Андријана, Охрид, Македонија

Личност која ја одбележа 2007 беше Тоше Проески. Тој ни остави голема тага вечно да жалиме по него.
Андреј Богдановски, Прилеп, Македонија

Оваа година ќе остане запаметена по најтрагичниот настан во поновата македонска историја, заминувањето на Тоше Проески.

Тој е единствената личност што треба да се памети, не само во 2007-ма туку и за сите наредни години и векови.

Најхуманиот човек што го родила оваа клета грутка земја, ни остави во наследство да го бараме и да најдеме во себе барем дел од Тоше, дел од големата хуманост и добрина со која зрачеше неговата насмевка.

Ни остави аманет да се обидеме да бидеме барем малку како него, да помислиме на оние со помалку среќа во животот, да помогнеме кој со материјални средства, кој со топла насмевка за некој помирно да спие.

Секое приближување кон таа ѕвезда ќе значи пренесување на малку сјај над нашите животи.
Ивица Васев, Скопје, Македониja

Личности кои ја одбележаа Македонија во 2007 нема. Има само еден и единствен ангел Тоше, кој остави многу тага но и многу гордост и музичко богатство.
Игор Кузевски, Скопје, Македонија

 
Реклама
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk