МАКЕДОНИЈА |
 |
|
[11.03.2010] Од исклучително мирно до тензично. Различни брифинзи за тоа во каква атмосфера мина денешната седница на синодот на МПЦ. Неофицијално, на повисок тон се расправало за сомнителните договори кои архиепископот Стефан ги правел со сомнителниот бизнисмен Мајк Тема за изнајмување на хотелите Изгрев и Бисер.
|
|
[11.03.2010] Изборите во најголем дел според стандардите, проблеми со тепање на затвореници, преполни затвори, застој во судски реформи, загриженост за владино мешање во верски прашања и меѓуетничка напнатост. Видео »
|
|
[11.03.2010] Првата група од несудени економски азиланти од Белгија пристигна во Куманово. Со овој автобус обезбеден од белгиските имиграциски власти требаше се вратат 23 жители на Липковско.
|
|
[11.03.2010] Паркирани автомобили на празна широчина. Вака изгледа плоштадот во Тетово откако запреа работите за негова обнова. Видео »
|
|
[11.03.2010] Спаска Митрова не го доби старателството врз тригодишната ќерка Сузана, туку нејзиниот поранешен сопруг Воислав Савиќ, така попладнево одлучи судот во Гевгелија. Видео »
|
|
[11.03.2010] Употребата на албанскиот јазик во образовниот систем во земјава, беше тема на научната дебата организирана од здружението на интелектуалци Демократски Клуб. Присутните со став дека јазиците различно се толкувале во различни периоди и во иднина не треба да постои само еден доминантен јазик.
|
|
[11.03.2010] Поради не исчистените канали во струшко првите куќи имаат сериозен проблем особено приземните делови па и дворовите кои што се поплавени. Видео »
|
|
[11.03.2010] Потпишаната македонско бугарска декларација пред една деценија, беше изнуден но и свесен чекор да ги затоплиме односите со Софија. Според екс премиерот Љупчо Георгиевски долго траеле спорењата околу македонскиот јазик и компромисот се нашол со негово дефинирање како уставен. Видео »
|
|
[11.03.2010] Додека лидерите се договараа како министерот да излезе од Судскиот совет и да не влијае на одлуките, таму падна одлука да се поведе постапка против судијката во апелациониот суд, Виолета Дума. Видео »
|
|
[11.03.2010] Семејството Мицеви повторно е во својот дом, по вчерашниот драматичен обид за иселување од страна на јавното претпријатие за станбен и деловен простор, тие повторно се вратија во бараката во која што живеат 15 години. Видео »
|
|
[11.03.2010] Лидерската средба што ја свика премиерот Никола Груевски, траеше релативно кратко. На неа беа поканети лидерите на 4-те релевантни политички партии што значи таму освен него таму беше и Али Ахмети од ДУИ, Бранко Црвенковски од СДСМ и Имер Селмани од Нова Демократија. Видео »
|
|
[11.03.2010] Жестока расправа за „Скопје 2014“, меѓу советниците на град Скопје. Точката на која требаше да се расправа за контроверзниот владин проект беше ставена, па тргната од дневниот ред. Видео »
|
|
[11.03.2010] Екипата на А1 е стационирана на местото каде што доцна вечерва се случи голем одрон, снежна лавина од околу 3.000 кубни метри според информациите од Македонија пат од кои 90% е снежна лавина, а 10 % се насипи од дрвја кои буквално го поклопиле целиот овој пат. Видео »
|
|
[11.03.2010] „Александрово оро“, вака се нарекувал танцот што го изведуваат играорците од КУД „Никола Карев“ од Австралија. А1 стапи во контакт со неговиот кореограф, Ацо Петровски. Видео »
|
|
[11.03.2010] Весела математика еве во овој стил тече расправата за интерпелацијата на министерот на финансии Зоран Ставревски. Власта и опозицијата со различен диоптер ја перцепираат економската состојба во државата. Видео »
|
|
[11.03.2010] Нацрт договорот на Бугарија за унапредување на добрососедските односи со Македонија се состои од триесетина точки, велат владини извори кои не сакаат да откриваат детали од содржината на документот. Видео »
|
|
[11.03.2010] Второ барање за повторување на судењето, поткрепено со нови докази, поднесе екс - министерот за одбрана Љубен Пауновски. Тој на денешната прес - конференција рече дека новиот доказ е клучен и преку него може да се види кој ги присвоил парите заради кој беше осуден.
|
|
[11.03.2010] Голема благодарност и плакета за А1 Телевизија и нејзиниот сопственик Велија Рамковски како најголеми поддржувачи на активностите и кампањите од областа на сообраќајот. Видео »
|
|
[11.03.2010] Автобусот со првата група економски азиланти од Македонија и од Србија треба да пристигне вечерва, прво во Прешево, а потоа во Куманово и во Липково.
|
|
[11.03.2010] Повеќе од 60 проценти од граѓаните на Македонија лани не патувале никаде на годишен одмор поради финансиски причини.
|
|
[10.03.2010] Спречен грабеж на поголема сума пари од банкарско комбе. Овој пат од разбојниците беа побрзи кумановските „Алфи“. Бандитите успаеле само да ги извадат вреќите со пари од банкарскиот пикап кој најверојатно ги носел за Крива Паланка. Видео »
|
|
[10.03.2010] Дилетантски упад во македонскиот фолклор, вака експертите гледаат на перформансот од играорците од КУД „Никола Карев“ во Австралија. Нема ниту еден релевантен извор кој може да ги доведе во корелација античките сабји и копја, со кларинетот и хармониката. Таков обид досега имало само на струмичкиот карневал. Видео »
|
|
[10.03.2010] Официјална Софија бара од Македонија двете земји да потпишат нов договор за добрососедски односи. Во предлогот што Бугарското МНР го испратило до овдешните власти експлицитно се бара Македонија да се воздржи од какви било чекори со кои би се избегнал говорот на омраза. Видео »
|
|
[10.03.2010] Екипите на јавното претпријатие за станбен и деловен простор го иселија семејството Мицеви од неговиот дом. Тогаш сопружниците во целиот очај се обидоа да си го одземат животот. Видео »
|
|
[10.03.2010] Димитрија Чупоски и македонската национална свест, Животот и делото на Кочо Рацин, Никола Вапцаров и македонскиот литературен кружок во издание на Институтот за македонски јазик се трите најнови објавени трудови на академик Блаже Ристовски, промовирани, денеска, во МАНУ.
|
|
[10.03.2010] Грозоморен чин во Велес, 46-годишниот Славчо Најдов силувал 16-годишен малолетник, и му се заканувал по живот ако го пријави.
|
|
[10.03.2010] Притисокот за името сега е врз Скопје, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Димитрис Друцас, по средбата во Вашингтон меѓу американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Видео »
|
|
[10.03.2010] Државата сака да му го одземе родителското право на семејството Кулески од селото Штавица, на кои пред две недели во несреќен случај им се запали нивното дете.Постарата ќеркичка сакале да ја дадат на згрижувачко семејство.
|
|
[10.03.2010] Азилантите се административен проблем, а не политички. Во Словенија и во кој било друг дел на ЕУ не би требало да има голем проблем со баратели на азил-изјави за А1, претседателот на словенечкиот државен збор Павел Гантар. Видео »
|
|
[10.03.2010] Сите стравуваат од прогнозите на метеоролозите доколку се појават ветровите со брзина и до 90 километри на час, што можат да предизвикаат огромни бранови. Тоа најмногу, во таква ситуација би можеле да го осетат жителите на Пештани во Охридско и Калишта и Струшко кои што на некој начин се погодени од надојденото Охридско езеро. Видео »
|
|
[10.03.2010] Македонија денеска ќе биде зафатена од циклонска активност од Медитеранот што ќе услови врнежи од снег и дожд, и ветер со брзина до 90 километри на час.
|
|
[10.03.2010] На средбата со Американскиот претседател Барак Обама, грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги повтори ставовите на Атина во врска со спорот за името што го има Грција со Македонија, како и за спорот со Турција за Кипар.
|
|
[10.03.2010] Белгија претпладнево испрати 41 од економските азиланти од Македонија и Србија назад во родните места, објаснувајќи им јасно дека за нив во Белгија нема место. Видео »
|
|
[09.03.2010] Александар Велики со војниците игра на македонски ора. Танц со ваква кореографија пред 10 дена во Австралија одржало Културно уметничкото друштво „Никола Карев“. Видео »
|
|
[09.03.2010] Државата сака да не направи дека сме луди, да ни ги одземе другите две деца и случајот со Ангела да го затвори како несреќа. Со овие обвинувања излегоа родителите на Ангела, кои велат дека неколку денови постојано ги носеле во психијатриската болница во Демир Хисар и Битола за да ја утврдат нивната психичка состојба. Видео »
|
Архива на вести од Македонија |
|
| |
Други сервиси |
|
 |
|