![]() |
![]() |
| Дома > Вести > Занимливости > Гол маж тежок 240 килограми на календар за 2009 година |
| МИА |
24.11.2008
|
| Мики: Се чувствувам секси и привлечно |
По големиот успех што го доживеа неговиот календар за 2008 година, еден Американец тежок 240 килограми одлучи да позира гол и за календар за 2009 година.
Дебелиот Мики од Мемфис, стар 29 години, има своја Интернет страница на која има фотографии на кои е гол или полугол, од кои планира да направи нов календар.
„Се чувствувам секси и привлечно. Не гледам зошто не би можел да позирам за такви фотографии како кој било друг маж“, изјави тој.
Мики, кој по професија е финансиски советник, календарите ги продава по цена од 14,99 долари (околу 12 евра).

За следната година подготвува и видео под наслов „Да се живее здраво со прекумерни килограми“. Паралелно веќе работи и на календарот за 2010 година, за кој ќе позира со останатите членови на неговото здружение „Буцкаст ловец“.
www.a1.com.mk/vesti/default.asp?vestID=100604