ДомаФон
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Формула 1
   NBA
   Светско 2010
   Фудбал
   Македонска лига
   Премиер лига
   Бундес лига
   Серија А
   Примера дивизија
   Франција
   Холандија
   Турција
   Шкотска
   Белгија
   Лига на шампиони
   Лига Европа
Vestite na A1 vo Real Video format
 Ваш став
  Може ли Мак-фудбалот на ЕП 2012?
 

 Дома > Спорт

 

Каде исчезнаа влезниците за дуелот против Шпанија?

 
05.08.2009
 
 

Некогаш фудбалот беше забава за сиромашните, сега е огромен бизнис во кој Македонија се вклучува само кога нешто е матно, не чини.

Дуелот Македонија - Шпанија нема сомнение ќе биде спектакл, но недостапен за обичниот навивач иако со супер поволната цена на влезниците нему му беше наменет.

Владата на Република Македонија која ја финансираше забрзаната изградба на северната трибина ги демантираше шпекулациите дека побарала и земала, добила или купила или на друг начин набавила или присвоила влезници за мечот Македонија - Шпанија. Фудбалската федерација, пак, како контра одговор на притисокот наметнат од големиот интерес, објави на кој начин експресно изчезнаа 23 илјади влезници.

14 илјади биле пуштени во слободна продажба, вклучувајќи ги и оние преку општинските сојузи.

Преостанатиот дел бил резервиран и дистрибуиран на клубови, на заслужни фудбалери и работници, на министерства, амбасади и странски претставништва, на партнери и спонзори, на навивачки групи, фирми и медиуми.

Наизглед има за сите, но сепак недоволно за оние што овојпат можеа да си дозволат за репрезентативен натпревар да брцнат во џеб. На националната арена на 12 август ќе има многу повеќе од оние што фудбал во живо гледаат само еднаш годишно и тоа само затоа што дошол некој од великаните, да бидат видени и во тренд, а не прават разлика меѓу Касиљас и Торес, не можат да препознаат ниту тројца наши репрезентативци.

И само поради то што се нечии пријатели, богати газди, на важни позиции. Има и други варијанти, но ако имате пари одвеќе.

Како во старите добри времиња да купите билет од препродавачи ако при тоа успеете да препознаете дека не е фалсификат или добро да „шопингувате“ во некој од скопските маркети за награда во вид на влезница.

И тука авантурата нема да заврши затоа што билетите не се нумерирани, па за подобро седиште ќе треба да појадувате на стадион. Повелете, ама сметката на крајот нема да биде како првично планираната 100 или 200 денари.

Различни елитни репрезентации доаѓаат и си одат, остануваат само истите пропусти.

Верзија за печатење Верзија за печатење Прати по e-mail Пријавете ја веста на Кајмакот Разгласи

  Вести поврзани со оваа 
• Македонија на тест против Шпанија [05.08.2009]

  Најнови вести од Спорт 
• Типсаревиќ го порази Родик [02.09.2010]
• Познати сите осминафиналисти на СП во Турција [02.09.2010]
• Двајца македонски борачи на СП во Москва [02.09.2010]
• Фудбалерите очекуваат поволен резултат против Словачка [02.09.2010]
• Мурињо: Не сум зависник од титули [02.09.2010]
• Повредата на Робен е мистерија [02.09.2010]
• Капело остана без еден напаѓач [02.09.2010]
• Комплетирано третото коло на ЕП во ватерполо во Загреб [02.09.2010]
 
Реклама
Шпиц
  Други сервиси 
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk