 |
Пропаѓаат делата од најстарата ликовна колонија во Прилеп [07.08.2008] Мрачно депо, заборавени слики, бесценети вредности кои ретко кој ги видел. Иако Прилеп ја има најстарата ликовна колонија во Југоисточна Европа, формирана во 1957 година, нејзините дела наместо галериите, најчесто ги красат темните депоа. |
 |
Загина дизајнерот на „Ферари“ [07.08.2008] Извршниот директор на „Пининфарина СпА“ Андреа Пининфарина, загина во сообраќајна несреќа, соопшти денеска неговото семејство. |
 |
Спектакуларен концерт на Лени Кравиц во Охрид [04.08.2008] Со врисоци, овации, скандирање и скокање на 10 илјадната публика во ритамот на музиката, синоќа се одржа концертот на мега популарната рок ѕвезда, Лени Кравиц. |
 |
Првите фотографии на близнаците на Џоли и Пит [04.08.2008] Стари се само три недели, а веќе се најпознати близнаци на светот, Нокс Леон и Вивијан Марчелин, бебињата на Анџелина Џоли и Бред Пит. |
 |
Новата фотографија на Караџиќ предизвика голем интерес [31.07.2008] Српскиот весник „Блиц“ денеска на првата страница покажува снимки на Радован Караџиќ на кои тој е без брада и долга коса. |
 |
Најмалку 17 убиени во експлозии во Истанбул [28.07.2008] Најмалку 17 луѓе се убиени, од кои три деца и две жени, а 154-ца се повредени во експлозиите на две бомби во трговскиот „Кварт Гун-Горен“ во Истанбул. |
 |
Собранието ја изгласа новата Влада [27.07.2008] Собранието синоќа ја избра новата Влада, шеста по ред од осамостојувањето на Македонија. |
 |
Јане Чаловски се претстави на изложбата „Манифеста“ [25.07.2008] Македонскиот ликовен уметник Јане Чаловски, на една од најзначајните биенални изложби на современа уметност во Европа „Манифеста“, се претстави со делото „Нацрт план“. |
 |
Над 10 повредени на Фестивал на бикови во Мексико [25.07.2008] Повеќе од десет лица беа повредени, од кои две потешко на Фестивалот на бикови што секоја година се одржува во Мексико. |
 |
Спектакуларна свадба во Прилеп од 100.000 евра [20.07.2008] Прилепска свадба вредна повеќе од 100.000 евра. Некогашниот најпознат семкар Аднан Сефоски, во градот познат како Сефо, синоќа на градскиот стадион во Прилеп ја направи најголемата и најнеобична свадба што ја помнат прилепчани. |
 |
Лесново - центар на манастирскиот туризам [19.07.2008] Лесново станува центар на селско манастирскиот туризам во источна Македонија. Пленува со својата убавина, со пештерите, со манастирот и со гостопримството. |
 |
Крушево ќе стане етно град [19.07.2008] Летаргичното Крушево, иако е исполнето со неподносливоста на јулската сончевина, сепак спроти Илинден, овие денови неодминливо го враќа својот некогашен џагор и будност. |
 |
Крушево ќе стане етно град [19.07.2008] Летаргичното Крушево, иако е исполнето со неподносливоста на јулската сончевина, сепак спроти Илинден, овие денови неодминливо го враќа својот некогашен џагор и будност. |
 |
Светска средба на децата бегалци во Скопје [18.07.2008] Ние не бараме ништо повеќе од правото на државјанство и приватна сопственост, кои се неприкосновени според грчкиот Устав. Ова стои во декларацијата од четвртата Светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. |
 |
Уапсен потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев [17.07.2008] Спектакуларно апсење на потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев и 5-мина негови соработници. |
 |
Близнаци - едно со црна, а друго со бела боја на кожата [17.07.2008] Државјанка на Гана на 11 јули во Берлин роди близнаци Лео и Рајан, од кои едниот е со црна, а другиот со бела боја на кожата. |
 |
Пожари во битолско Мариово [16.07.2008] Пожари повторно беснеат во битолско Мариово. Вчера за малку ќе настрадаше селото Орле, каде изгореа неколку куќи, штали и повеќе хектари нискостеблеста шума и пасишта. |
 |
Венецуелка победи на изборот за мис на Универзумот [14.07.2008] Претставничката на Мис Венецуела Дајана Мендоза изутринава е прогласена за „Мис на светот 2008“ на церемонијата одржана во виетнамското летувалиште На Транга. |
 |
Галичка свадба привлече многу туристи [13.07.2008] За првпат годинава дојдоа како почесни гости на 45-та Галичка свадба, принцот на Хунзите Газафар Али Кан и принцезата Рани Атика. Галичани гостите ги пречекаа според старите адети. |
 |
Галичка свадба привлече многу туристи [13.07.2008] За првпат годинава дојдоа како почесни гости на 45-та Галичка свадба, принцот на Хунзите Газафар Али Кан и принцезата Рани Атика. Галичани гостите ги пречекаа според старите адети. |
 |
Откриен споменикот за 11-те загинати мировници [11.07.2008] Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска е откриено спомен-обележје на единаесетте припадници на воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Македонија, по повод шест месеци од нивното трагично загинување во хеликоптерската несреќа на 11 јануари оваа година. |
 |
Штрајк во „Охис“ за заостанатите плати [10.07.2008] Неколку стотици вработени од „Охис“ протестираа барајќи си ги заостанатите плати и придонеси. Протестот почна во кругот на фабриката, продолжи пред Владата. |
 |
Уништени околу 1.000 парчиња нелегално оружје [09.07.2008] Околу 1.000 парчиња нелегално оружје беа запалени во скопската железарница „Макстил“. |
 |
Берово - мир и спокој за секого [09.07.2008] Сместено како во гнездо, меѓу иглолисна шума, со незаменлив мир и спокојство. Тука поврзаноста на човекот со природата е вистинска реткост во денешниот свет на еколошки катастрофи. Тоа е градот Берово. |
 |
Уништен околу еден тон дрога [08.07.2008] 100 милиона евра во пламен. Толку изгуби нарко мафијата со денешното уништување на околу еден тон разновидна дрога. |
 |
Неделава нова рунда консултации за името во Њујорк [08.07.2008] До крајот на неделава треба да започне нова рунда консултации за името во Њујорк, дознава А1 од неофицијални извори во ОН. |
 |
Изгоре куќа во Просениково [08.07.2008] Десет члена на семејството Божинови од селото Просениково останаа без ништо и под ведро небо откако во пожар синоќа им изгоре куќата со целата покуќнина и заштедени пари. |
 |
Голем пожар кај поранешната кланица на „Годел“ [07.07.2008] Пламени јазици и огромен црн облак над индустрискиот дел на Скопје. Во голем пожар изгоре складиштето на поранешната кланица „Годел“. |
 |
Беровското Езеро - бисер со неискористени капацитети [07.07.2008] Со природни убавини, со гостопримливост и со добра храна, така малешевците ги пречекуваат сите намерници кои ќе дојдат во нивниот крај. |
 |
Пелистер им нуди рекреација на посетителите [05.07.2008] Пелистер денеска со својата раскошна природа на посетителите им ја подари сета своја убавина испреплетена со безброј планински патеки што се изградени во овој национален парк. |
 |
Запленети 12 килограми морфиум на Табановце [05.07.2008] 12 килограми и 119 грама исклучително чист морфиум открила вчера полицијата на граничниот премин Табановце на излез од земјава. |
 |
Доброволно се помага за манастирот на Тоше [05.07.2008] „Овде почнав, овде и ќе завршам“. Овие зборови на Тоше кажани во манастирот Свето Преображение кај Крушево, кој тој самиот го градеше, денеска станаа вистина. |
 |
Оштетување на водоводна цевка кај новиот „Тинекс“ [04.07.2008] Автомобилите што денес поминуваа покрај новиот „Тинекс“ добија бесплатно миење. Водоскокот во висина од 15-ина метри се излеа по скопската улица. |
 |
„Бремениот маж“ во САД роди девојче [04.07.2008] Транссексуалниот Американец Томас Бити, кој и е познат на јавноста како „бремениот маж“, родил девојче, објави списанието „Пипл“. |
 |
Фестивал на францускиот филм во Охрид [30.06.2008] 11 играни и четири кусометражни филмови од најновата француска и франкофонска продукција ќе бидат прикажани на првиот Фестивал на францускиот филм, што од утре до 5 јули ќе се одржи во Охрид. |
 |
Моторџиски собир во Гостивар [29.06.2008] Густ чад од моторџиските тркала, гласна музика и многу моторџии горди на своите машини што го креваат адреналинот. |
 |
Специјалците на АРМ се секогаш и секаде први [26.06.2008] Секогаш и секаде први. Ова е мотото на специјалците на АРМ, кои први стигнуваат на кое било место во Македонија и за два-три часа подигнуваат логор. |
 |
Пожар на „пластичарската“ улица [26.06.2008] Голем пожар на пластичарската улица. Изгоре дуќан за теписи и пластична галантерија. Испукале и прозорците на соседните куќи и дуќани. |
 |
Поплава пред МАНУ од пукната цевка [22.06.2008] Претпладнево и Скопје доби свое мало езеро во центарот на градот пред зградата на Македонската академија на науките и уметностите. |
 |
17-годишна виолинистка освои главна награда на „Охридски бисери“ [22.06.2008] 17-годишниот виртуоз на виолина, Софија Никоска од Прилеп, ја крена на нозе охридска Света Софија. |
 |
Топлина и хармонија во СОС Детското село [21.06.2008] Седум деца не се во роднинска врска, но функционираат како да се родени браќа и сестри. Јадранка е сега нивната мајка, живее заедно со нив. |
 |
Велјановски избран за претседател на Парламентот [21.06.2008] Трајко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на македонското Собрание, избран на денешната конститутивна седница. |
 |
Никој не презема одговорност за храната во подрумот [19.06.2008] Три дена по обелоденување на скандалот дека во подземни гаражи се чува храна од тезгите и дуќаните на Зеленото пазарче, Дирекцијата испратила инспектори да се уверат дали навистина во смрдеа, влага, стаорци, лебарки и бубашваби се складира овошјето и зеленчукот што граѓаните го купуваат и носат на своите трпези. |
 |
Општина Гази Баба ќе добие нов плоштад [18.06.2008] Нов репрезентативен плоштад ќе добие Гази Баба. Ќе се протега на површина од 6.000 метри квадратни. Во него е предвидено е да се гради бина, споменик воин на коњ, а ќе има и фонтана со скулптура. |
 |
Полициска акција во Скопје, четворица уапсени [14.06.2008] Попладнето околу 16 часот на кејот во близина на хотелот „Холидеј Ин“ единицата за брзи интервенции „Алфи“ уапси четири лица. |
 |
Протест пред грчката канцеларија за врски [10.06.2008] „Златна метла“ за амбасадорот на Грција во Македонија Александра Пападопулу. Ова е подарокот што членови на невладината организација „Македонска цивилизација и иднина“ и го оставија на Пападопулу пред грчката канцеларија за врски во Македонија. |
 |
Порака за мир во шише патува по Црна Река [08.06.2008] Со брсјачки пориви и исконска симболика на Еригон, ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски - Цветин, годинешниот кандидат за Нобеловата награда за мир на изворите на Црна Река кај цело Железнец, низ бистрите води денеска ја испрати својата традиционална порака за мир до целиот свет. |
 |
34-ти фестивал „Пеце Атанасоски“ во Прилеп [07.06.2008] Музиката е се што имам и ќе играм додека сум жив. Ова е животното мото на Митко Станоевски од селото Драмче, Делчевско, најстариот учесник на фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“. |
 |
Децата вдишуваат и голтаат ситни предмети [07.06.2008] Кикирики, монистри, игли. Незамисливо е се што е извадено од белите дробови на децата во Македонија. Станува збор за алармантна состојба со децата на возраст од една до три години. |
 |
Откриени остатоци од праисториска населба на Цареви кули [06.06.2008] Остатоци од праисториска населба и култура открија археолозите на југоисточната страна од легендарните Цареви кули. |
 |
Галичник го чека летото за да се разбуди од самотијата [03.06.2008] Распослан на падините на планината Бистра, во срцето на Мијачкиот регион, Галичник чека уште едно лето за да се разбуди од самотијата. |
 |
Големо невреме во прилепско Штавица [03.06.2008] Големо невреме и пустош во прилепското село Штавица. Силниот ветер проследен со град и дожд, кој траел цели три часа, удавил стотина овци, а на жителите им се уништени сите бали со сено и целиот тутун кој сега го посадиле на нивите. |