Дома Како ќе каже Џим
  Дома Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
 
 Дома > Видео вести  

ВИДЕО

Животот во Бродец по „Планинска бура“

[21.08.2008] Со карти и домино во локалните чајџилници. Вака жителите на Бродец го поминуваат летото. Работа нема... Селото живее од социјална помош и со парите на роднините заминати на печалба. Бродец има околу 1.200 жители, од нив речиси 400 се постојано на работа во странство, најчесто во Италија.
Гледај


Се запали автомобил во центарот на Тетово

[21.08.2008] Изгоре автомобил на градскиот плоштад во Тетово.
Гледај

 

Уште еден пожар на Беласица

[21.08.2008] Уште еден пожар избувна на планината Беласица, над селото Белотино. Гори високостеблеста букова и дабова шума. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат.
Гледај


Фудбалерите како на тренинг со Луксембург

[21.08.2008] Нашиот национален тим во Луксембург одржа лесен тренинг против неквалитетниот противник, триумфирајќи со 4:1.
Гледај

 

Авионска несреќа во Мадрид, најмалку 140 загинати

[20.08.2008] Најмалку 140 луѓе загинаа во катастрофалната авонска несреќа што денска се случила на аеродромот „Барахас“ во Мадрид. Авион на компанијата „Спанер“ што поаѓал кон Канарските острови, при полетувањето излетал од пистата и се преполовил.
Гледај


Фестивал на пивото во Прилеп

[20.08.2008] Се чистат скарите, се припрема месото, а пивото веќе е ставено да се лади. 28 август е терминот кога ќе се одржи единствената манифестација од ваков вид во Македонија, шестиот по ред „Пиво фест“ во Прилеп.
Гледај

 

ЈП Исар денеска престана да го изнесува сметот од Штип

[20.08.2008] Кантите на Штипјани почнаа да се полнат. Денес немаше кој да го однесе ѓубрето. Камионите за изнесување на смет останаа паркирани, штипското комунално претпријатие „Исар“ нема пари за нафта. Јавните набавки, поради блокираната сметка од ЕВН, се стопирани веќе еден месец.
Гледај


Болт освои злато на 200 метри, повторно со светски рекорд

[20.08.2008] Ако некој става дамка и се сомнева во едно од осумте злата на Мајкл Фелпс, никој не може да ја оспори големината на Усаин Болт.
Гледај

 

5.000 верници денеска во манастирот на Тоше во Крушево

[19.08.2008] Илјадници свеќи, молитви и оддавање почит на нашиот ангел, над 5.000 верници од цела Македонија, денеска по повод празникот Свето Преображение го посетија манастирот посветен на овој ден, кој го градеше Тоше во Крушево.
Гледај


Средување на плажите, обврска за Охрид

[18.08.2008] Охрид пред две години во срцето на Стариот град, во месноста Канео, ја доби новата плажа „Потпеш“, која што со својот изглед и функционирање, стана пример како треба да изгледа една добро средена плажа по вкусот на туристите.
Гледај

 

Официјални резултати од обдукцијата на Барбара Лазарова

[18.08.2008] Штипјанката Барбара Лазарова починала од компликации, како последица од труењето во Будва, кое ја предизвикало опасната болест позната како хемолитичен уремичен синдром, покажаа официјалните резултати од обдукцијата.
Гледај


 
Реклама
   Други сервиси  
» Вести и програма на и-мејл
» Вести на SMS
» Верзија на сајтот за мобилен телефон
» RSS канали
» А1 на денешен ден

Дома | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа | Реклама на a1.com.mk

(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk